Моќна и честа боја во машката зимска гардероба – бојата на камила додава луксузна нота во вашиот изглед, не зависно дали се работи за палто, сако, џемпер или некој детал. Светските модни куќи не ја изоставија во своите колекции оваа сезона, како и големите брендови кои нудат облеки во овие тонови. Погледнете и инспирирајте се за некоја следна модна комбинација.