На една од наjромантичните локации во светот – во Laglio, малото идилично село на брегот на езерото Комо, сместен е прекрасниот бутик-хотел Relais Villa Vittoriа. Волшебно и шармантно место како од соништата, со пространи светли соби и апартмани обезбедени со сите удобности и префинети декорации, но и воодушевувачки панорамски глетки на езерото од кои застанува здивот. Пред гостите е најтешкиот избор – да се одлучат како најубаво да го искористат времетраењето на престојот, а понудата е толку богата и неодоливо примамлива. Класични, елегантни и бескрајно романтично уредени соби канат на одмор во максимален комфор, а раскошната тераса и бесконечниот базен од страната од езерото, пак, кокетно шармираат во надворешноста. Спа центарот и турската бања се само дел од врвната услуга, збогатена и со прекрасен ресторан и вино-бар, совршени за романтична вечера со некој од вкусните италијански специјалитети, или дегустација на престижниот избор на локални вина. Опкружен со неверојатните пејсажи на живописната природа, овој мал езерски рај е магично место за празнување на љубовта во идилична атмосфера, или комплетно уживање во убавините на чудесната Италија.