Ви претставуваме идеално катче за магични мигови поминати во бескрајно убава и романтична атмосфера, за удобен престој со книга во дланките, за создавање уметност и креативни дела, или, пак, едноставно за релаксирано уживање во спокој, комфор и пријатен амбиент. Зад идејата и дизајнот на овој чудесен простор стои германското студио Atelier Feuerroth, промовирајќи го концептот ,,Ouverture’’ за модерно уредeнo поткровје кое е совршено и за мали дрвени конструкции. Со многу практични решенија за рационално искористување на просторот и минималистички стил во уредувањето, не само што може да се пофали со максимална функционалност, туку и со извонредно стилизиран изглед. Бела боја насекаде, кревет од палети, многу дрвени допири, пријатни подни прекривки, велосипед прикачен на ѕидот и спонтано рафрлани книги – се’ е толку лежерно , непретенциозно и суптилно, а сепак толку импозантно и со силен впечаток кој го остава уште на прв поглед. Прекрасна инспирација!