Креативноста нема крај. После серијата фотографии „Како се прави бебе?“ сега Ви претставуваме нова серија фотографии овојпат насловена како „Магично шоу“. Anthony Stuart облечен како магионичар кој за свој асистент ја има својата сопруга и во шест лесни чекори со магија тие го добиваат своето најмило, облечено како зајче. Еден, два, три… па љубовта е магија, зар не? Магија, но наместо зајче од шешир… излегува слатко бебе од стомакот на избраницата на Stuart. Прекрасно.