Откако видовме дека може да се изведе минијатурна уметност од маслени боички, па дури и моливи – навистина сме изненадени од новата колекција на уметникот од Хонг Конг, May Sum. Таа создава минијатурни скулптури инспирирани од највлијателните жени на сите времиња, врз еден предмет чија неопходност го обележува женскиот пол: карминот.
Кармините доаѓаат во различни големини, нијанси и пакувања, додека таа си игра со овие карактеристики за да создаде извонредна уметност од сценографија, живот и обележја од познатите жени низ историјата, со наслов „Енергични жени“.