Во поглед на модерните библиотеки, секогаш се трудиме да ги лоцираме и да Ви пренесеме доколку најдете прилика да ги посетите – не се случува често истите да бидат изградени покрај автопат, но токму тоа се случи со Kirkwood Public Library во New Castle, Delaware. Дизајнирана од стана на ikon.5 architects, оваа атрактивна зграда на прв поглед делува како да не се наоѓа на вистинско место, но целта на нејзината локација, според нејзините творци, е погодена поради што истата егзистира во својство на „билборд на патот“ кој повекува на читање, учење и истражување.
Зграпчувајќи го погледот и вниманието, библиотеката не е прекрасна само по надворешноста: ентериерот е погоден со светли бои, многу светлина што струи помеѓу подот и таванот, давајќи акцент на прозорците и удобните фотелји. Згора на се’ тоа, зградата е создадена врз eco-friendly принцип на соларен екран кој ја контролира светлината и ја одржува зградата топла и пријатна за читателите.