Зад секој успешен маж стои успешна жена. Иако статусот на жените во целиот свет е подобрен во последните неколку децении, сепак сеуште жените некаде се сметаат како граѓани од втор ред во однос на мажите. Заработуваат помалку, имаат потешкотии во однос на пристапноста на образованието, здравствената заштита и многупати се жртви на семејно насилство. Извинете, зар жената не е способна да стои рамо до рамо со мажот?
За нагласување на глобалната родова нееднаквост, ОН се фокусираа токму на жените и создава моќна рекламна кампања. Во кампањата се искористени податоци собрани од Google. Најпопуларните Google пребарувања се доказ за вградените сексистички ставови кои постојат и денес.
За крај порака до сите мажи кои не ги гледаат жените како рамноправни со себе: таа што Ве родила, најпрвин е жена, а потоа е Ваша мајка. Жените заслужуваат почит и еднакви можности.