„Иако напредува технологијата, спротивно на очекувањата – книгите сеуште важат за фаворит кај читателите, во споредба со е-книгите. OpenBook е фотелја и библиотека кои ја слават печатената форма на книгите“, ќе речат дизајнерите на ова парче мебел. Овој дизајн претставува еволуција на оригиналниот TILT Library Chair кој е дизајниран за места каде што библиотека не е возможна да се постави, па затоа се цели кон пратично решение.
Погоден простор за читателите кои уживаат во свое друштво и добра книга, во еден интимен момент на селекција на жанр, автор и опуштање. Целосно тапациран, OpenBook нуди дополнителна удобност и звучна изолација.