Студеното и тмурно време не се пречка за шпанскиот бренд Desigual да ги презентира модните додатоци за оваа сезона кои внесуваат многу ведрина, игривост и позитивна атмосфера, со препознатливиот колорит и дезени. Кожни и платнени торби, и весели чизми и патики кои ќе ја разиграат секоја ваша модна комбинација оваа есен/зима.