Чекорејќи по Виа Венето, најелегантната и најмонденската улица во италијанската метропола, не може, а да не го здогледате Boscolo Palace Roma – неверојатен хотел со 5 ѕвездички, кој го нуди сиот раскош што ,,Ла Долче Вита’’ има да го понуди. Во старата и архаична градба која евоцира спомени од минатото, денес се обединети историјата и современоста на Рим на гламурозен начин, со одек во полн сјај во ентериерот преку елегантна и софистицирана нота во дизајнот. Хотел кој ги празнува културните достигнувања од почетокот на дваесетиот век во блескава атмосфера, со посебна фасцинација која го оживува периодот познат како Belle Époque. Извршена е темелна реконструкција во која учествувале признати дизајнери, давајќи му нов живот во кој се испреплетуваат минатото и иднината, како прекрасно еклектично дуо. Хотелот располага со 87 луксузни соби на осум ката, функционално оспособени со сите погодности, и стилизирани со многу вкус, елегантно, раскошно и префинето. Фасцинантните панорамски глетки, луксузот, комфорот и одличната услуга, во опкружувањето сочинетo од рафинирани дизајнерски парчиња мебел и декор, гарантираат безгранично уживање во приказната која ја раскажува овој величенствен град. Посебно внимание заслужуваат и јавните простори, подеднакво убаво дизајнирани, со восхитувачки изглед и амбиент кој најавтентично ја отсликува магијата на Рим. Доживејте ја!
Грандиозниот Рим | Boscolo Palace Roma
Велат сите патишта водат кон Рим, но само еден е патот до грандиозното архитектонско здание, сместено во срцето на вечниот град.