Ако тргнеме под претпоставка дека не секогаш книжарниците ќе се сетат да Ви остават букмаркер во книгата која ќе ја купите, не треба да се ставите во состојба на очајување: иако постојат мал милион решенија за означување на страницата до која што сте стигнале, ние сметавме дека треба да Ви го претставиме овој предлог каде ќе направите сами свој уникатен букмаркер.
Потребно Ви е:
– мек картон
– ножици
– изолир-трака
– маркери во боја
Пресечете го картонот во прикладна величина за Вашата книга. По сите рабови на картонот залепете изолир-трака од двете страни. Потоа исечете го вишокот трака.
Следен чекор е пишување на Вашата идеја за читање: наш избор се „Proud Bookoholic“ или пак „Bookish mode“ каде што оставено е на Вашата имагинација да напишете именка за себе како читател, познат цитат или пак, Вашето име. Се’ што ќе направи да се чувствувате посебно додека читате! Како додаток може да направите малечко дупче на врвот од Вашиот нов букмаркер низ кој ќе протнете панделка. Ви посакуваме многу убави мигови со Вашите книги (и букмаркерот во нив)!