Lente Scura е уметник кој не носи на емоционално патување низ своите впечатливи композиции. Драматичната болка со која се бори секоја жена од неговите дела е јасно нагласена преку ликот околу кој се е замаглено, како да постои борба меѓу реалноста и соништата. Станува збор за оригинални фотографии, дигително обработени и променети за да се прикажат жени кои пловат во морето од тага. Занемарувајќи ги деталите Scura се фокусира на енергијата која излегува од платно и фотографиите ги прави да изгледаат како слики насликани на платно.