10 класични наслови од областа на фантастиката, во ново руво и со нов издавачки печат – станува збор за ROADS, нова издавачка куќа со седиште во Даблин, која неодамна ги пушти во продажба своите изданија низ европските книжарници. Кориците на овие книги беа дизајнирани од страна на Conor & David, дуото кое важи за најдобро дизајн-студио во Ирска. На прв поглед, нивното видување на фанстастичните наслови е интересно и освежувачко, додека доколку Ве интересира како тие двајца стигнаа до резултатот, погледнете го видеото погоре.