Прекрасна фотографија на која е претставен Градот на светлината гледан од небото. Триумфалната порта во центар на вниманието ја акцентира совршената распределба на градбите во градот. Вака гледано Триумфалната порта го претставува срцето на градот претставен со целиот крвоток, сите улици кои водат до неа. Прекрасно.