Харви Бол го создаде лицето смајли во 1963та година, кој стана најпрепознатлив симбол на добрата волја и доброто расположение. Но, како што поминувале годините Харви станал загрижен за се’ поголемата комерцијализација на неговиот симбол и така дошло до идејата за одбележување на „Светскиот ден на насмевките“. Сметал дека сите ние треба да посветиме барем еден ден од годината на насмевките и добрите дела.
Смајлито не познава политика, ни географија, ниту пак религија. Неговата идеја била дека барем еден ден во годината не би требало ни ние. За Светски ден го прогласил секој прв петок во месец октомври. Од 1999 година овој ден се прославува насекаде низ светот.
Оваа година „Млади за љубов“ ќе го прослави за трет пат во нашата земја. Две години нудат интересни содржини на минувачите, од „поделени“ насмевки, убави пораки, дури и „ајвар од насмевки“. Што интересно ни подготвуваат оваа година, останува да видиме денес од 15.30 до 17.30 часот во ГТЦ.
Се насмеа ли денес? :D