Првата камера на Kodak, создадена од страна на George Eastman во 1888 година е најверојатно првата камера со која се направени аматерски фотографии и се документирани моменти од животите на обичните луѓе. Продавана под мотото „Вие го стиснувате копчето, ние го правиме останатото“, Kodak No.1 е мала дрвена кутија обложена со кожа. Чинела само $25 или во денешна вредност тоа е $600. Погледнете дел од фотографиите направени со Kodak No.1 кои се стари речиси 125 години. Уживајте.