Сместен во Цирих, уникатниот B2 Boutique Hotel има свој библио-салон, кој важи за остварување на сонот на многуте љубители на книги. Тргнавте на патување со сите обврски и листи, но заборавивте да понесете книги? Без очајување – ако патот Ве води кон Цирих, тогаш ова е совршеното место за Вас. Плафон чија висина достигнува до 36 метри, каде истата е исполнета со бројка од над 33 илјади книги: амбиентот е дополнително украсен со високи заоблени прозорции кои потсетуваат на катедрално уредување на стара европска библиотека. За разлика од било која друга библиотека, Библио-салонот не е само место за читање затоа што гостите во B2 Boutique Hotel може да се релаксираат, разговараат, сурфаат, да се дружат и флертуваат помеѓу блоковите од книги.
Имено, книгите се подарок од локална книжарница-антикварница каде важи принципот на позајмување и враќање, за да може некој друг гостин да се послужи со истата книга. Удобна фотелја, шолја кафе и многу книги… зар има поубава идеја за одмор?