Трендовите за шминка за оваа есен/зима нудат микс од ери, стилови и екстравагантни бои. Има идеални опции за сите оние кои не се плашат да експериментираат, како и за оние кои го преферираат минимализмот и природноста.
1. Природен изглед – вечен тренд. Природни тонови, свеж изглед.
2. Аристократско порцеланско бледило – одличен за девојките со руса коса и сино/сиви очи. Бледа кожа, минимална маскара и бледо розеви усни.
3. „Топол“ есенски изглед – пастелни бои и боите на паднатите есенски листови на усните и очите.
4. Нежен розов сјај – за максимален женствен изглед.
5. 60ти – шминка инспирирана од boho стилот, молив за очи како Twiggy и Sophia Loren…
6. Мачкини очи – продолжете ја линијата на моливчето/тушот за очи како египетските кралици. Мистично, игриво и секси.
7. Драматични “smokey eyes” – сенката за очи достигнува до линијата на веѓата, а црното моливче е само на долниот капак.
8. Истакнување на долниот капак – со моливче или сенка во кафени тонови.
9. Металик шминка – многу златни, бронзени и сребрени сенки на капаците.
10. Сина шминка – со виолетови акценти за специјални прилики.
11. Боја на капаците – со сенки во трендовските бои за оваа сезона како зелената, розовата, виолетовата итн.
12. Дебели веѓи – за подраматичен изглед.
13. Темни усни – кармини во црна боја и бојата на виното.
14. Црвен кармин – make up класика, враќајќи ја холивудската привлечност од 40тите, во комбинација со минимална шминка.