Bookriot.com, местото каде што читателите се информираат за новoстите околу книгите, авторите и читањето како навика, состави листа на 20 книги за кои луѓето најчесто тврдат дека ги прочитале – а во суштина, ги немаат прочитано. И рака на срце, дури и меѓу најпосветените и најинформираните читатели постои нишка одбегнување на вистинскиот одговор на прашањето кои од популарните книги влегуваат во нивното читачко досие.
Станува збор за 20 наслови кои претежно спаѓаат во англиската литература, иако низ листата се провлекуваат и наслови од руската книжевност. Патем, делумно има застапеност од нови книги:
1. Гордост и предрасуди – Џејн Остин
2. Одисеја – Џејмс Џојс
3. Моби Дик – Херман Мелвил
4. Војна и мир – Лав Толстој
5. Библијата
6. 1984 – Џорџ Орвел
7. Господарот на прстените – Џ. Р. Р. Толкин
8. Големиот Гетсби – Френсис Скот Фицџералд
9. Ана Каренина – Лав Толстој
10. Ловец во житото – Џ.Д. Селинџер
11. Бесконечна шега – Дејвид Фостер Валас
12. Големите очекувања – Чарлс Дикенс
13. Да се убие птицата која се потсмева – Харпер Ли
14. 50 нијанси сиво – Д. Л. Џејмс
15. Џејн Ер – Шарлот Бронте
16. Оркански височини – Емили Бронте
17. Хари Потер (цел серијал) – Џ.К. Роулинг
18. Приказната за два града – Чарлс Дикенс
19. Злосторство и казна – Фјодор М. Достоевски
20. Игра на тронови (цел серијал) – Џ.Р.Р. Мартин