Ви претставуваме чудесна куќичка која е сместена сред шума, опколена со раскошна природа и неверојатни пејзажи кои крадат воздишки, а и самата таа, со својот изглед е доволно магична да го понесе епитетот куќа од бајките. Освојува на прв поглед, уште однадвор, со малата архаична камена структура, дополнително конструираната црвена куќарка со веранда и пространата градина во дворот. А во ентериерот, уредена е топло, лежерно и комфорно, украсена со безброј кокетни и слатки детали, но и розова шик инспирација која како нитка се провлекува низ сите соби. Во секој простор е присутна топлата рустична нота, со мноштво дрвени допири и акцентирани камени ѕидови. Иако мала, комплетно е функционална и удобна, со магичен амбиент кој се разнесува насекаде, почнувајќи од дневната соба, трпезаријата и неодоливата бела кујна, и продолжува во детската и спалната соба со цветен дезен. Избрани се многу пријатни и светли нијанси на бои кои совршено се надополнуваат со дрвените детали и колоритните акценти на декорот. Прекрасна викенд инспирација!
Чудесна шумска куќичка
Mесто каде топлината на домот и убавината на природата се во хармоничен спој.