Soofiya Chaudry како графички дизајнер создава револуционерна новина во книжевниот свет: книга, единствена од својот вид, којашто има за цел да го промени типичното, едноставно и осамено читателстско искуство. „Книга за двајца“ е насловот на ова дизајнерско издание, а концептот е замислен за да истата може да се постави помеѓу двајца читатели. Текстот во книгата е поделен на два дела, дозволувајќи им на читателите да ги вртат сопствените страници сосема независно од другиот.
Освен со исклучок на заедничките страници означени со зелено, кој мора да ги читаат заедно. Според Chaudry, „книгата за двајца има толку многу потенцијал за менување на начинот на кој му приоѓаме на традиционалното читање. Таа започнува да ги изместува рамките на наративната длабочина и навраќа на интеракцијата за раскажување на приказните“. Дали ова ќе биде книга на иднината или сама по себе ќе означи навреда на приватноста при читањето – останува да покаже времето.