Без разлика дали сте обожавател на тетоважи или не, еден од стереотипите кои за жал се уште постојат во нашето општество е дека луѓето со многу тетоважи не се добар пример, најмалку за децата. Доколку и вие го имате ова мислење, ние Ви нудиме фотографии кои ќе го променат Вашиот поглед во однос на ова прашање. Луѓето со тетоважи се само љубители на уметноста чие што тело е показател за тоа. Тие не се различни во односот дете – родител, а овие фотографии се доказ дека не треба да се суди по нечиј изглед.