Шарени и сложени суштества кои потсетуваат на митски животни се распослани низ улиците на Мексико Сити. Овие суштествa се дело на уличниот уметник Favio Martinez познат како Curiot. Како рефлексија на мексиканската традиција совршено се вклопуваат во целиот амбиент и се прифатени од локалното население како нешто свое, нешто со кое се карактеризира нивната култура.
„Растејќи во САД не знаев што пропуштам се додека не се вратив во Мексико. Воодушевен од својата култура која и не ја познавав најдобро, постепеното истражување автоматски доведе до нејзино рефлектирање во моите дела.“