TUTZE Store е концептуална продавница лоцирана во малото холандско гратче Harderwijk. Во неа може да се најде се’ од продукти за животниот стил, почнувајќи од аксесоари за домот, мебел и текстил, па до се’ до модни парчиња, подароци и производи за нега и убавина. Сепак, она со што освојува оваа инвентивна холандска продавница, не е богатата понуда на артикли, туку начинот на кој се изложени и амбиентот во кој ги дочекува своите купувачи. Извонредно е стилизирана во внатрешноста, со ентериер кој е неодоливо убаво и инспиративно издание во бела боја, во кое буквално со секој поглед се откриваат нови изненадувања. Со минималистичкиот дизајн и белата инспирација препознатливи за скандинавскиот стил, постигнат е исклучително атрактивен визуелен ефект во просторот. Сите ѕидови, плафонот и подот се бојадисани во бела боја, и заедно со остатокот од мебелот во бел тон креираат совршено опкружување, во кое целосно и во полн сјај доаѓаат до израз црните акценти и фините дрвени допири на производите и остатокот симпатични детали.