Некои ќе речат дека мотивите на Game of Thrones во суштина не се добар детски материјал: но, откако ќе ја погледнете оваа слатка реализација на идејата во детска соба, ќе сфатите дека приказната нема реална основа да предизвика емоционална траума кај Вашето дете и дека нема потреба да се плашите од скапи терапии и психички проблеми.
Westeros во симпатичен ѕиден мурал со потпис на SomePointless, на мрежата Tumblr каде што анонимниот и превдонимен уметник успева да ги спои куќите кои се борат за тронот како симпатични пријатели кои се крајно расположени и со детски насмевки. Останува уште да го занемарите вистинскиот тек на приказната зошто ќе Ви навират солзи!