Повеќето велат „Home sweet home“, но Carlos Aliperti фотографира човек за кој истата изрека би гласела „Car sweet home“ бидејќи неговиот дом е еден стар автомобил. Се согласуваме дека домот не е некаде, туку е со некого и дека топлината на домот ја даваат луѓето кои живееат во него, не предметите и раскошот и затоа болката и осаменоста која се чита од очите на овој човек ги препишуваме на недостигот на сопатник низ животот, а не на оскудноста на домот.