Прекрасна серија портрети на канадскиот уметник, Andrew Salgado, дел од неговата самостојна изложба со наслов „Запознавање“ во Art Gallery of Regina. На прв поглед изгледа како хаос од бои, за подоцна да заклучите дека Salgado совршено знаел што прави во секој портрет и дека станува збор за совршено вклопување на една совршена игра со четка и бои.