„Ве молам нацртајте ми ѕид“ е креативна серија фотографии на францускиот фотограф Julien Coquentin. Станува збор за комбинација на уличната уметност и фотографијата како два различни начини на изразување. Како посредници се јавувааат луѓето и приказната станува целосна; со интеракција на луѓето графитите за момент, барем на фотографија изгледаат како вистински објекти од реалниот живот.
„Нацртајте ми нешто на ѕидот, а јас ќе ја создадам приказната и ќе ја раскажам преку фотографија.“