Среќен роденден, Стивен Кинг – роден на 21 септември, 1947, во книжевната јавност познат како кралот (не само според синхронизација на неговото презиме со најмоќната именка) на американскиот хорор, неизвесност, научна фантастика и фантазија. Со бројка од 350 милиони продадени копии на неговите книги кои подоцна се адаптирани во голем број играни филмови, серии и стрипови. 50 романи со негов потпис (меѓу кои дел потпишани со псевдоним Ричард Бакман), 5 нефиктивни книги и преку 200 кратки раскази, г-дин Кинг има добиено многу книжевни награди, вклучувајќи ја и Grand Master Award од страна на Mystery Writers of America. Во негова чест, денес празнуваме со неговите 12 цитати посветени на пишувањето:
- Аматерите седат и чекаат на инспирација, додека остатокот од нас само продолжуваат напред со главата горе.
- Писателот мора да има добра имагинација за да започне да пишува, но истата мора да биде мускулеста, дисциплинирана и извежбана – од ден на ден, со пишување, потфрлање, успевање и ревидирање.
- Книгите се уникатна преносна магија.
- Кога Вашата приказна е подготвена за преработка, тогаш е потготвена за кратење – ослободување од вишокот масти, намалување и ревидирање на истата кон голотија која се поистоветува со убивање на деца, но истото мора да биде направено.
- Верувам дека патот кон пеколот е поплочен со прилози, но јас би ги стрелал од покривот. Ако ги гледате проблемите од друга перспектива, ќе Ви изгледаат како глуварчиња.
- Ако имате една идеја во умот, тогаш ќе мислите дека е прекрасна и уникатна… ако не успеете да реализирате, ќе ја имате и утредента. И во наредните 50 дена! И тогаш, целиот ум ќе Ви биде покриен со глуварчиња без да увидите дека се работи само за плевел…
- Најлош совет? „Не слушајте ги критичарите.“ Мислам дека навистина треба да ги послушате критичарите, бидејќи понекогаш тие се единствените кои ќе Ви кажат што не е во ред и како може да го поправите истото.
- Пишувајте со затворена врата, преработувајте со отворена.
- Ако сакате да бидете писател, мора да направите две работи: да читате многу и да пишувате многу. Не постои друг начин кој ќе Ве однесе до целта, нема краток пат, барем јас не сум запознаен со таков.
- Може да му пријдете на чинот на пишување со нервоза, возбуда, надеж или очај… одберете било кој од нив, но со леснотија.
- Ако имате намера да напишете точност, на начинот на кој што размислувате. тогаш Вашите денови како љубезен член на општеството се избројани.
- Оптимизмот е совршено легитимна реакција на неуспехот.
- Кога еднаш ме прашаа „како да пишувам?“, искрено одговорив – „еден збор во еден момент…“.