Неверојатна приказна. Vivian Maep била дадилка која поголемиот дел од својот живот го поминала живеејќи во Чикаго. Умира на 83 – годишна возраст во 2009 година. Таа била страствен уличен фотограф, целиот живот фотографирала се што ќе го привлече нејзиното око.
Нејзината работа е откриена во 2007 година, кога повеќе од 100 000 неразвиени негативи се продавале на некое складиште откако не успеала да ја плати киријата. Ви претставуваме неколку нејзини фотографии дел од Maloof Collection, направени помеѓу 1950 – тите и 1970 -тите години.