Средувањето на детската соба не секогаш влече со себе уживање – особено не, кога истото треба да го правите секој ден. Во обид да внесеме креативност и мотивација во бирото на Вашето дете, денес Ви претставуваме интересен Направи сам проект кој нема да Ви одземе многу време (а нема ни пари). Се’ со цел убав и среден изглед за работната атмосфера после училиште. Па кој не би сакал да учи со ваков сет?
Потребно Ви е:
– кутии од житарици
– внатрешниот дел од тоалет-хартија
– дрвена (кујнска) плоча
– акрилна боја
– украсна хартија
– лепило
– ножици
– четка
– украсна лента
Направете мини кутии од кутијата за житарици, во димензии кои ќе одговараат на дрвената плоча. Веднаш позади нив ќе ги сместите и картонските цилиндри, па од тука ќе ја заклучите и самата величина на сетот.
Акрилната боја е наменета за плочата. Избојте ја и оставете ја да се исуши додека ги средувате кутиите до естетски изглед.
Различна украсна хартија (во синхронизирани бои) ќе изгледа интересно и забавно за Вашето дете. Залепете ја хартијата и после тоа, залепете ги кутиите и цилиндрите врз плочата.
Како дополнителен украс може да залепите украсна лента на краевите од кутиите и цилиндрите. Како заклучок, сфативме дека домашната задача никогаш не изгледала така забавно!