Во 1957 година, италијанската влада го овласти Салвадор Дали да создаде 100 акварел-слики за да се илустрира Божествената Комедија на Данте, за да се совпадне со 700-годишнината од раѓањето на неверојатниот поет. Имено, владата се најде во недоумица кога италијанското јавно мислење истапи со неодобрување, зошто една таква чест да му припадне на Шпанец – така што, проектот беше откажан, но Дали го одржа својот збор и направи неколку слики чисто да ја искаже својата почит кон името и делото на Данте. Неверојатни, длабоки и искрено вознемирувачки, овие надреалистички изрази уште еднаш покажуваат дека Дали е безвременски уметник. Дали ќе ги препознаете сцените од замислата на Данте, оставаме на Вас.