Samsung го претстави GALAXY Gear, паметниот часовник кој е одличен додаток за сите оние кои веќе имаат Samsung GALAXY уред. Покрај точното време ги прикажува дојдовните и пропуштените повици од вашиот телефон, меиловите, смс пораките, со можност да ги прифатите или игнорирате. Благодарение на вградениот звучник може и да имате hands free разговори, да креирате пораки, поставувате аларми и потсетници во календарот, диктафон, да снимите кратко видео или фотографија или да ја намалите/паузирате музиката од Samsung GALAXY уредот. Вграден е и сензор кој ќе ја мери физичката активност и потрошените калории. Овој супер паметен часовник ќе биде пуштен во продажба на 25ти септември и ќе биде достапен во пет бои, по цена од 299$.