Еден професор по филозофија одржува час пред студенти, каде истите директно го запрашаа:
„Ако може да ни дадете еден совет, само еден совет кој ќе се однесува на сите нас во оваа просторија… што би било тоа?“
Професорот го ислуша прашањето и не чекаше премногу за да одговори:
– „Никогаш не правете исклучок за себе.“, им рече на студентите. „Што значи тоа? Луѓето, по непишано правило, секогаш сакаат да направат исклучок за себе. Тие држат предавања на други луѓе за однос според морален кодекс, кој самите не се подготвени да го следат. На пример, луѓето имаат тенденција да мислат дека кажале лага само затоа што било неопходно. И дека тоа ги оправдува! Но, ако некој друг каже лага – тогаш тоа значи дека тој е нечесен, лажго и недостоен за доверба. Значи, никогаш не правете исклучок од себе. Ако сте крадци, не жалете се кога ќе Ве ограбат…’“.