Започнувајќи со права линија, цртајќи линија по линија со слободна рака, германскиот уметник John Franzen создава несекојдневна серија цртежи. Според Franzen секоја линија е еквивалент на еден здив и серијата ја насловува „Секоја линија еден здив“.
„Почнувајќи со права линија, продолжувам понатаму обидувајќи се да ја нацртам повторно истата линија. Се концентрирам на дишењето и се фокусирам на цртање идентична линија како претходната, што не секогаш ми успева. Во процесот на цртање моите линии прераснуваат во еден вид на логоритамска шема, создадена со мојот неуспех да создавам идентични линии повторно и повторно. Доказ дека човекот ја нема прецизноста на машината.“