Како по непишано правило, почетокот на учебната година секогаш означува позитивно расположение иако враќањето во училишните клупи не секогаш подразбира радост. И обично, на прашањето „Што научи денес?“, следи одговор… „па, ништо посебно, утре треба да одам пак“, зависно за кој тип на образование се работи. А тука не смееме да заборавиме дека образованието не е подготовка за животот, туку е самиот живот. Не баш сите се љубители на книгите, нели? Но, како и да е – основното образование е по дефиниција првиот чекор кон одговорност и сериозност, фокусирање на инструкциите дадени од дома за послушност, концентрација и внимание. Додека пак, средношколците повеќе се радуваат на повторното минување време со пријателите, губењето часови и озборувањата на сметка на професорите. Веќе започна да звучи забавно нели?
Додека сите средби, поздрави и социјални мрежи се исполнети со желби за успех, волја и мотивација – ние само ќе се обидеме да Ве охрабриме да ја издржите и оваа учебна година, бидејќи дури подоцна ќе сфатите дека најубавото веќе поминало. И патем, да Ве расположиме со 10 паметни (и комични) изреки за училиштето, дополнети со една убава back to school фото-приказна, дело на JLogan Photography. Среќен почеток!
- Никогаш не сум дозволил моето школување да се меша со моето образование – Марк Твен
- Моите денови на училиште беа најсреќни денови во мојот живот, што треба да Ви даде некои индикации на мизерија. Јас сум ги искусил во текот на изминатите дваесет и пет години – Пол Мертон
- Правев тест по Егзистенцијализам. Ги оставив сите одговори празни и добив 100 поени – Вуди Ален
- Моето училиште беше толку тешко што дури и училишниот весник имаше секција за некролог – Норма Крозби
- Остроумноста функционира во моето семејство. Кога одев на училиште, јас бев толку паметен што мојот учител беше во истото одделение дури 5 години – Грејси Ален
- Јас нема да им купам на моите деца енциклопедија. Нека одат на училиште како што јас одев – Јоги Бера
- Во основно училиште, во случај на пожар ние требаше да се наредиме тивко во една линија, од најниски до највисоки. Која е логиката тука? Високите луѓе горат побавно? – Ворен Хачерсон
- Ќе научите по нешто секој ден, ако обрнувате внимание – Реј Леблонд
- Во младоста учиме, за да на одредена возраст можеме да се разбереме – Фон Ебнер Ешенбах
- Ако немаше училишта за да ги задржат децата далеку од дома на кратко, тогаш лудниците ќе беа исполнети со мајки – Едгар В. Хоу