Луѓето се непресметливи, неразумни и мислат само на себе.
И покрај тоа – сакај ги.Ако сториш добро, луѓето ќе помислат дека го правиш тоа поради сопствени интереси.
И покрај тоа – прави добро.Ако си успешен, ќе создадеш лажни пријатели и вистински непријатели.
И покрај тоа – биди успешен.Ако денес сториш добро, тоа веќе утре ќе биде заборавено.
И покрај тоа – прави добро.Отвореноста и искреноста те прават повредлив.
И покрај тоа – биди отворен и искрен.Најголемите мажи и жени со најголемите идеи можат да бидат соборени од мажите и жените со најмалите умови.
И покрај тоа – имај големи идеи.Луѓето ги претпочитаат губитници, но ги следат само победниците.
И покрај тоа – бори се за губитниците.Нештата кои си ги градел со години, можат преку ноќ да бидат уништени.
И покрај тоа – продолжи да градиш.Некои луѓе на кои навистина им е потребна твојата помош, може да те нападнат штом ќе ја добијат од тебе.
И покрај тоа – помагај им.Дај му го на светот најдоброто од себе, а за возврат ќе добиеш неблагодарност.
И покрај тоа – давај му го на светот најдоброто од себе.
Kent M. Keith