Секој крај е придружен со нов почеток, така што крајот на летото не делува така лошо зошто истовремено означува враќање во училишните клупи, дружењето со пријателите и неминовното чекање голем одмор. Со намера да не дозволиме да Ви помине лоша мисла низ главата – решивме да Ви предложиме интересен Направи сам проект кој ќе ги развесели Вашите училишни денови. Малку имагинација до нов шарен свет! Да побрзаме, септември е на прагот…
Потребно Ви е:
– обичен прибор за на училиште
– самолепливи ленти со интересен дизајн
– скалпел-ноже
– спреј во боја
Покрај вечно потребните тетратки и моливи/пенкала, имаме уште неколку предлози кои совршено ќе се вклопат во ова шарено расположение: папки, букмаркс и се’ што ќе Ви падне на памет… Среќен почеток, креативци!