Со низата паметни решенија, оваа мала тиркизна кујна е пример за убаво и функционално катче во домот, каде секој минат миг е задоволство и покрај минијатурната површина. Тиркизно сината боја му дава светол, пријатен и примамлив амбиент на ентериерот, дочекувајќи со позитивна енергија при секое влегување во кујната. Со креативни решенија за заштеда на простор, екипирана е со сите неопходни елементи, рационално искористувајќи го секој слободен простор од малата површина. Едно од нив е изборот на мали и светли столчиња, кои лесно е да се скријат под масата тогаш кога се непотребни. Светлите тиркизно сини и зелени акценти на деталите, пак, овозможуваат максимално да се нагласи оптимистичниот светол тон, давајќи му ведрина на секој метар квадратен. Модерен германски дизајн, со комбинација на дрвени елементи, бели отворени полици, малку зеленило за свежа нота, и многу весели украси кои ја разигруваат и прават неодоливо привлечна оваа малечка кујнска оаза. Инспирирајте се!