Личност која успева да ги расплаче, да ја сруши студената надворешност и да го извади најранливиот дел од секој кој ќе седнел пред неа. Станува збор за Marina Abramovic, родена во Југославија. Во 2010 година таа поминала 716 часа и 30 минути во Музејот за современа уметност во Њујорк соочувајќи се лице во лице со повеќе од 1500 луѓе, проект насловен „The Artist Is Present“. Таа едноставно седела тивко, како „планина“ загледувајќи се во очите на секој оној кој бил доволно храбар да се соочи со нејзиниот поглед, за на крај да заврши со солзи во очите.
После целиот настан била објавена и збирка на сите фотографии, насловена како „Портрети во присуство на Марина Абрамовиќ“, а снимен е и документарен филм за целиот проект и за уметноста на Марина. Погледнете го и трејлерот и забележете го нејзиниот поглед: Би успеала ли да Ве расплаче и Вас?
Погледнете ја и средбата помеѓу Марина и љубовта на нејзиниот живот…