Порано или подоцна, сите во својот живот се среќаваме со проблемот на премал простор – мал стан со големи потреби. Без грижи – со помош на концептот на Red Nest Mobile Wall, Вашиот ограничен простор ќе се чувствува попростран од било кога. Ако ништо повеќе, барем ќе Ви вдахне идеја да замислите слична солуција, совршена за Ваша душа.
Францускиот дизајнер Paul Coudamy го создаде овој лизгачки ѕид кој комбинира кревет + биро + полица со книги + плакар. „Исчезнувањето на просторните граници е засилено со употребата на двонасочни огледала кои го контролираат скриениот и видливиот простор во согласност со светлината“, вели тој. Совршен начин Вашите книги да Ви помогнат во мистификација на просторот!