Каталогот на францускиот бренд Maisons du Monde претставува различни инспирации за уредување на детското катче во домот, со оригинален дизајн кој не само што гарантира среќно детство и возбудлив престој на најмалите, туку и воодушевува со добриот вкус и извонредната стилизираност. Од деликатни нежно уредени соби за малите принцези, до морнарски ентериери за сите палавковци, во детската колекција може да се сретнат уникатни теми кои ги оживуваат фантазиите на секое дете. Уживајте и инспирирајте се од амбиентите кои едноставно изнудуваат насмевка…