Мммм, нешто убаво се подготвува во кујната на Ирина Тошева: Составени се од два уникатни модели изработени од природни материјали и филувани со шаренило од бои. Ова е рецептот на дизајнерските парчиња што се неодоливо слатки и ќе го заблажат вашиот гардеробер. Обично се вели дека се’ што е слатко дебелее, додека овие модели дополнително ја истакнуваат витката фигура – „Irina’s Sweets“ се апсолутниот избор за овој период! Фотографиите се дело на Žarko Čulić, додека чевлите се од Quiksilver. Уживајте во слаткиот изглед на моделите и внимавајте да не Ви потечат лиги ;)