Минималистички дизајн со минималистичко име: SSB-1 полица, создадена во Калифорнија од страна на Erik Heywood. Инпирирана од Bruno Matthson Book Crib, оваа полица е смислена како концепт на дупчиња, која ќе се користи како едноставна кутија за складирање на книги кои ќе бидат во апсолутниот центар на внимание.
Но, дизајнот на ова парче убавина не е единствената едноставност во врска со истата: дрвото е рачно изработено, со упатство за користење како додаток, за купувачот сам да се потруди да го постигне посакуваниот изглед. Создадена на природна база, со 27 рабови и мат површина – се’ со цел трудот да создаде трајно делче мебел што функционира совршено и изгледа прекрасно. Токму како мини-библиотека.