Што би правеле доколку би имале сопствена месечина? Би уживале постојано во нејзината светлина, би шетале со неа или заедно би ги гледале ѕвездите на небото? Leonid Tishov создава своја „Приватна месечина“ за да го направи сето тоа и да создаде фотографии кои мамат воздишки.
„Во невообичаена позиција, во рамките на пејзаж или во внатрешноста на некои напуштени места мојата месечина ги осветлува околните објекти и ми овозможува да ја доживеам бајката на сопственото постоење.“