Петар Малинов е вокал во групата Krypton Unplugged кој се приклучи кон светскиот тренд на cover преработки на светски хитови. Неговиот избор за преработка е „I believe“ од R. Kelly. Аудио и видео продукцијата е дело на Јордан Манов.
„I believe е песна која што ја сакам уште од детството, но и затоа што по карактер сум емотивец, а оваа песна е токму таква. Се работи за доста стара песна, за која искрено мислам дека и самиот Р. Кели ја има запоставено и заборавено.“
Може да има темни облаци околу него, да биде единствениот човек во средина на морето, но со ваков глас и вакви прекрасни изведби веруваме дека оваа преработка би му се допаднала и на R. Kelly. Уживајте во „ I believe“ во изведба на Петар Малинов.