Ви здосадија Вашите омилени фармерки? Не мора да се одделувате од нив, со малку труд би можеле да промените нешто и да изгледаат како ново парче во Вашиот гардеробер. Од задните џебови, направете машничка… брзо и едноставно на следниот начин.
Потребно:
- Ножици;
- Игла;
- Конец.
Чекорите се многу едноставни, најпрвин рашијте го долниот дел од џебот и исечете го. Од исечениот дел пресечете една лента со која ќе го затегнете преостанатиот дел од џебот. Зашијте и готово, имате машничка. :)