Hal Lasko е пензиониран графички дизајнер кој продолжува да се занимава со уметност и на 98 години. Иако потекнува од времето кога технологијата не била толку развиена, започнува да користи компјутер во 90-тите години на минатиот век под влијание на својот внук и сега на 98 години својот уметнички фокус го става на креирање дигитални слики на Microsoft Paint.
Погледнете го видеото „Пиксел сликар“ во режија на Josh Bogdan и Ryan Lasko, внукот на Hal и ќе се запознаете повеќе со неговата посветеност и мотивација.