Фотографии во кои преовладува елеганцијата и хармоничниот однос меѓу луѓето и животните, дело на Zoltan Mihaly, фотограф од Унгарија. „Форми на душата“ е серија фотографии преку кои се истражува природата на душата и формите во кои таа се отелотворува. Без разлика дали станува збор за големо животно како слонот или за нежна женска фигура, Mihaly докажува дека сите суштества имаат ист внатрешен дух.
Чувство на смиреност, усогласеност и поврзаност зрачи од секоја фотографија. Слонот и Daria Blanariu, моделот во овие фотографии, создаваат прекрасни фотографии каде што со помош на осветлување на вистинското место се нагласуваат вистинските работи кои се претставени на црна позадина.
„Душите се обединети преку една и иста боженствена суштина, без оглед на нивната надворешна кршливост или непокорност, без разлика на формата сите души се исти. “