Куќата на модната дизајнерка Úrsula Mascaró е едно од оние магични катчиња во кои се вљубувате на прв поглед. Лоцирана е во Менорка, и со својот боемски шарм и хипи амбиент совршено се надополнува со пријатноста на опкружувањето. Со хармонија помеѓу смиреноста и разиграниот дизајн, микс на бохо стилот со модерни елементи и топли дрвени допири, и комбинирање на неутралните тонови со колоритните акценти на украсите, се’ е искомпонирано со многу вкус и изразена женска нота во уредувањето, давајќи му исклучително деликатен шик изглед на ентериерот. А во него, меѓу грубите бели ѕидови, декорот е сочинет од мноштво уметнички дела, дизајнерски мебел, ретро детали и сувенири со спомени од патувањата, и секако, многубројните чевли со потпис на креаторката, лежерно ,,расфрлани’’ по впечатливиот тиркизен под. Надвор пак, под сенката на палмите и зеленилото, мами воздишки егзотичната тераса со релаксиран амбиент и простран базен. Смирен кантри живот во комбинација со совршен баланс меѓу културата, уметноста и модата. Постои ли нешто поубаво?
Бохо шик дом на модна дизајнерка
Mала, но несекојдневно убава и пријатна, со автентични декорации и личен печат во уредувањето.